Сплит систем - AIRCOOL

Можност да одберете модел и да го купите веднаш.

Моќност

Кога се бира моќност на уредот, треба да се земе во предвид и големината на просторот кој ќе се лади, односно загрева. Понатаму, тука е и број на прозорци и врати, висина на таван, катност и страна на свет.

За просторија до 40 m2 ќе биде доволен клима-уред со моќност од 3,5 kW, за до 55 m2, 5,5 kW, за 75 м2 7 kw

Енергетска ефикасност

На пазарот се нудат уреди со различна енергетска ефикасност. Опсегот на класи се движи од A+++ до D, притоа што  A+++ е најефикасна, а D најлоша. Со енергетската ефикасност доаѓа и заштедата на електрична енергија, бидејќи, на пример, инвертер уред со компресор во надворешната единица ја урамнотежува работата на внатрешната единица, така што се вклучува поретко и троши помалку.

Избор на понудувачи и изведувачи

Понудувачи и изведувачи на пазарот има безброј многу – како да се избере вистинскиот?

Гаранција, гарантен рок

Прв сигурен знак е давање гаранција. Понудувачите на квалитетни клима-уреди даваат гаранција на 60 месеци; доколку прифатите тие да извршат монтажа, за која исто така даваат 60 месечна гаранција.

Сопствени монтери и сервисери

Квалитетната мотажа е многу важна. Непрофесионална и лоша монтажа може да ги упропасти сите предности на квалитетен уред. Голема предност на понудувачот е да има сопствени монтери и сервисери, бидејќи така има добар увид и детален преглед во работата и материјалите. Ова го гарантира квалитетот на уредот како и квалитетот на инсталацијата и работата. Исто така, многу е важно клиентот да може да се јави во сервисен центар кога и да има потреба, а тие да одговорат и да ги отстранат сите можни дефекти за кратко време.

Во период кога ви е потребно во секое време монтажа и сервис единствено во Аиркул во рок од 48 саата info@aircool.com.mk

Мулти клима-уред со две, три, четири или пет единици

Мулти клима уреди, се најзахтевни, а со тоа и најупотребувани. Внатрешната единица се поставува во просторијата, а надворешната се монтира надвор. Внатрешните единици, според местото на поставување можат да бидат – зидни, тавански, подни, касетни или канални. Мулти сплит клима уредот може да биде значителна заштеда во смисол дека завзема помалку место и соодветниот компресор кој е со поголема моќност работи на пониски обртаи за разлика од “сингл” сплит системот .

Поставување – монтажа или професионална монтажа?

Правилен избор на клима-уред, секако е многу важен. Но, за да функционира во оптимални услови, исто така мора да биде и добро поставен, односно правилно и професионално монтиран. Единствено на тој начин може да овозможи пријатна температура во вашиот дом. Без оглед на тоа дали ќе одлучите сами да работите или работата ќе им ја доверите на наши мајстори, многу е важно и местото на кое ќе бидат поставени единиците.

Прв чекор во поставување на клима – уред е монтажа на носачите на внатрешната и надворешната единица. Потоа се буши отвор во зидот, низ кој ќе поминуваат цревата (кондензационо-црево  и инсталација за поврзување на цевки/кабли), притоа водејќи сметка за меѓусебна раздалеченост на единиците. Следно е провлекување на цревата низ зидот и поставување на внатрешната единица врз носачот, вклучување во електрична мрежа, а потоа на ред се цревата за одвод кои треба да се по природен пад на кондензационата вода . Тогаш на ред доаѓа поставувањето на надворешната единица и нејзино приклучување. Кога и двете единици се поврзани потребно е вакумирање на системот како би се отргнала можната влага мин 15 минути  со соодветна  вакум пумпа. При првото вклучување, се врши проверка и на цревата , вентили и колендри   не има  губиток на фреон . Бакарните црева кои водат до надворешната единица се изолираат, односно, се бандажираат  со изолир трака и се прицврстуваат за зидот. Отворите околу бакарните  црева  во зид се полнат со пур-пена  или малтерисуваат или се поставува пластична маска (розетна).

Паметни технологии

Најновите технологии овозможуваат дури и тоа клима-уредот да биде поврзан со WiFi. Со паметните клими, едноставно и практично може да се контролира температурата во домот преку мобилна апликација и слични апарати. Така се оставрува и значителна заштеда на енергија

NanoAirCare филтер

NanoAirCare филтер што задржува до 99.9% од прашината, поленот, алергените, бактериите, испарливите органски соединенија (VOC) непријатните мириси и друго.
Сертифициран со ISO 9001:2015 и ISO 14001:2015 стандарди